„МОЖЕШ ДА МИ СЕ ПОТПИШЕШ НА МОИТЕ ГРАДИ? Хит сцена по мечот на Новак: Србинот доби необично барање, не се двоумеше – ВЕДНАШ ГО ИСПОЛНИ

Исклучително интересна сцена е снимена по триумфот на Новак Ѓоковиќ на стартот на Завршниот Мастерс во Торино.

Најдобриот светски тенисер го победи Дејн Холгер Рун со 2:1 во сетови 7:6(4), 6(1:7, 6:3, во првото коло од Зелената група на завршниот АТП турнир во Торино и со што ја обезбеди првата позиција на АТП листата на крајот од сезоната.

Иако беше видно исцрпен по исцрпувачкиот меч кој траеше повеќе од три часа, Новак по победата остана долго на теренот за да им оддаде почит на бројните навивачи кои му дадоа голема поддршка од трибините.

Се дружеше со обожавателите, делеше сувенири и трпеливо потпишуваше автограми.

Во еден момент добил многу необично барање.

– Можеш ли да ми се потпишеш на градите? – го праша Ѓоковиќ еден воодушевен тип.

– Дали си сигурен? – праша со насмевка изненадениот Новак.

Во тој момент навивачот го подигна дресот и му покажа на Србинот каде да потпише, тенисерот му ја исполни желбата.

Погледнете ја оваа интересна сцена: