Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров се соочи со неколку прекини додека зборуваше на самитот на ОБСЕ во Скопје,
„Можеш ли да ме оставиш на мира? Те молам! Ви благодарам!“, рече Лавров на англиски, пред да продолжи по неколку секунди со својот говор на руски.
Останува нејасно кому му се обрати на овој начин, но се вели дека украинската делегација ја напуштила салата по почетокот на говорот на Лавров.
Лавров допатува во Скопје за да учествува на состаноци организирани од Организацијата за безбедност и соработка во Европа. Дипломати од неколку земји-членки на ОБСЕ, вклучително и Украина, го бојкотираа настанот поради планираното присуство на Лавров среде руската војна во Украина.
Рускиот министер за надворешни работи зборуваше 15 минути пред да ги напушти состаноците.
Речиси сите западни дипломати кои зборуваа на првиот ден од самитот, кој започна во петокот, а ќе заврши на 1 декември, ја осудија Русија за нејзината неиспровоцирана инвазија на Украина минатата година и нејзините намери за дестализација и проширување на влијанието во регионот на Западен Балкан и подалеку.