Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ со сопругата Јелена одмара во Португалија. Од друга страна, доаѓаат нови предизвици – еден од нив му подготви неговиот голем пријател Златан Ибрахимовиќ.
Откако објави крај на фудбалската кариера и го гледаше Новак во финалето на Ролан Гарос, Швеѓанецот се посвети на падел.
Спорт сличен на тенисот е новата опсесија на еден од најдобрите светски фудбалери, а сега има многу јасна покана за пресметка за Новак Ѓоковиќ.
„Новак Ѓоковиќ, кога си подготвен?“, напиша Ибрахимовиќ и го означи местото каде се подготвува за спектакуларен судир против Србинот.
Потоа следеше брз одговор на Новак Ѓоковиќ.

– Може, брат! Подготвен сум – напиша Новак на Инстаграм.