Можност да се отповика градоначалникот пред завршување на мандатот- се менува Законот за локална самоуправа
Можноста да се отповика градоначалникот пред завршување на мандатот, што се предвидува со измените на Законот за локална самоуправа, треба да ја зголеми транспарентноста и отеченоста на избраните локални функционери. Но сепак тоа треба да биде по јасно утврдени правила и критериуми за да се избегнат злоупотреби, велат членовите на експертската група која работи на измените.
Ќе се обидеме врз основа на овој широк консултативен процес да изнајдеме оптимизирано законското решение, оптимизиран начин да се рефлектира довербата односно недовербата на градоначалниците кој што ќе гарантира дека во иднана тоа нема да биде предемет на злоупотреби, вели проф. д-р. Александар Спасеновски, член на експертскиот тим кој работи на измените на Законот за локална самоуправа.
Измените во законот предвидуваат и воведување комунална полиција со која општините ќе се задолжат да го извршуваат комуналниот надзор, без можност тоа да функционира по принципот сакаме или не сакаме.
Тој комунален надзор треба да биде под ингеренции на локалната самоуправа. Но како обврска која во иднан градоначалниците ќе мора да ја имаат. Инаку треба да превенира девијантни појави на мала група граѓани кои секојдневно несоодветно го депонираат отпадот или несоодветно постапуваат со урбаната опрема за која локалните самоуправи и тоа како издвојуваат средства од своите буџети, рече Златко Перински, министер за локална самоуправа.
Битола денеска беше домаќин на првата консултативна средба, на која претставници на централната и локалната власт, граѓаните и експертите дебатираа околу потребата за измени и дополнување на Законот за локална самоуправа, поради идентификувани слабост по неговата 20 годишна примена. Процесот е поддржан од Швајцарската амбасада и УНДП.