‘Мозокот’ на украинската Армија тврди: “Половина од руските сили во Бахмут се опколени, ќе го искористиме тоа!“

Украинските сили ги засилија напорите за ослободување на окупираниот град Бахмут и сега половина од руските сили се опколени“, соопшти денес командантот на украинските копнени сили, Александр Сирски.

Во моментов, распоредувањето на руските сили наликува на лак концентриран во Бахмут. И половина од нив се опколени. Невозможно е да не се искористи тоа“, вели Александр Сирски во изјава за BBC.

Тој додава дека преземањето на градот ќе има симболична и стратешка вредност за Украина.