Мозочно лудило! Избрани 10 финалистки за Мис на вештачка интелигенција, еве како изгледаат! 

Организаторите на Светските награди за креатори на вештачка интелигенција објавија дека се избрани 10 финалистки на светскиот натпревар за Мис на вештачка интелигенција.

Организаторите на Светските награди за креатори на вештачка интелигенција (WAICA) објавија дека жирито избрало 10 финалистки на светскиот натпревар за Мис на вештачка интелигенција или „девојки“ кои биле создадени со помош на вештачка интелигенција.

Наградите ќе бидат доделени по краток избор во кој не се оценува само физичкиот изглед на моделот со вештачка интелигенција, туку и креативноста на креаторите при креирањето детали и квалитетот и регуларноста на комуникацијата со фановите преку социјалните мрежи како Инстаграм. .

– WAICA е првата глобална програма која доделува признанија за достигнувањата на креаторите на вештачка интелигенција ширум светот –  се наведува на веб-страницата на организацијата.

Во топ 10 се најдоа Кенза Лејли од Мароко, Оливија Ц од Португалија, Ане Керди од Франција, Зара Шатавари од Индија, Ајана Реинбоу од Романија, Лалина од Франција, Серен Ај од Турција, Елиза Кан од Бангладеш, Асена Илик од Турција и Аилја Лу од Бразил.

Првата награда за „Мис АИ“ е 13.000 долари, од кои креаторот на победничкиот модел ќе добие 5.000, додека остатокот ќе го вложи во ПР и дообразование.

Како изгледаат можете да видите ТУКА .