“Моите деца ќе бидат Французи!” – Горан Бреговиќ има 3 ќерки и сите се од различна вероисповест: Едната слави православен Божиќ, другата Бајрам, а ова е религијата на третата ќерка
Горан Бреговиќ од бракот со Џенана Бреговиќ има три ќерки Ема, Лула и Уна. Србин по мајка, Хрват од татко, еднаш го прашаа како и кои празници ги слави со семејството.
Имено, сопругата на Горан е муслиманка, а сите три ќерки се од различна вера. Едната е муслиманка, другата е будист, а третата е православка.
„Кога моите деца беа мали, тие беа муслимани за време на Бајрам бидејќи тогаш добиваа подароци, а за време на Божиќ и Велигден беа христијани затоа што и тогаш исто така добиваа подароци. Сега веќе не знам што слават. Мислам дека таа, средната е будист. Не ми пречи тоа, се разбира. Моите деца ќе бидат Французи, иако сакаат да доаѓаат во нашиот регион и да имаат пријатели овде. И за мене и жена ми е доцна, ние двајца секогаш ќе бидеме свои. Тешко е да се излечи од тоа во животот“, изјави Бреговиќ пред неколку години.
На прашањето во каков дух ги воспитувал своите ќерки, без двоумење рекол:
„Треба да им овозможите на децата да имаат слобода на избор, кога ќе изберат да бидат свесни што избираат. Ги оставам слободни да бидат религиозни или не“.
„Татко ми и мајка ми беа комунисти, па затоа во мојот дом не се празнуваа верски празници, туку над мене живееше православен свештеник, па јас секогаш имав јајца за Велигден. А притоа бев во такво маало што за Бајрам добивав курбан, тоа е месо од овен што се коли за Бајрам. Така тој ден ја добивав курбан. Без разлика што бев во таква куќа, Господ редовно ми праќаше сигнали“, објасни Бреговиќ.