МОЛЗЕЛА крави, А СЕГА ЗА НЕА СЕ ИНТЕРЕСИРА НЕJМАР: Како Светското првенство во Катар тотално и го промени животот на оваа убавица!

Светското првенство во фудбал, кое се одржа во Катар, беше најголемиот светски настан во изминатата година.

Катар го промени животот на многу луѓе, меѓу кои е и атрактивната стјуардеса Адријана Пол од соседна Романија. Оваа прекрасна црнка го држеше трофејот “Златната топка” на церемонијата на доделување награди, кој потоа му беше врачен на Лео Меси.

Многу брзо по тој настан и неколку текстови, Адријана Пол стана глобално популарна. Толку многу што за неа интерес покажа бразилската фудбалска суперѕвезда Нејмар. Позната по тоа што започнува со убави девојки директно, преку социјалните мрежи.

Нејмар

Нејмар ја следеше убавата Романка преку Инстаграм и редовно ги лајкува нејзините фотографии. Адријана Пол до пред само неколку месеци беше само една од 15.000 атрактивни и допадливи стјуардеси на авиокомпанијата “Катар ерлајнс”.

Адријана Пол даде неколку интервјуа по Светското првенство во Катар. Така, во едно признала дека имала среќно детство, и дека им помагала на баба и на дедо и на фармата за крави.

– Јас сум девојка од село, потекнувам од Барсана, од Марамуреш. Уживав во моето детство, кога останував со баба ми и дедо ми на нивната фарма. Наутро ги молзевме кравите, а потоа одевме на работа или на училиште – открила Адријана Пол за романските медиуми и додала:

– Да му ги кажам тие работи на некој што живее овде во Катар, нема да ми верува. Заминав од Романија пред осум години, живеејќи во Лондон три години, а потоа дојдов во Катар во 2017 година.

Покрај Нејмар, Адријана Пол на социјалните мрежи ја следат и некои други фудбалери, како Овидија Попеску (ФЦСБ), Кристи Ганеа (Панатинаикос Атина), Фелипе Тешеира (поранешен фудбалер на ФЦСБ) и Адријан Митителу Јуниор (Крајова).