Момировиќ во Пекинг: Србија е посветена на зајакнување на стратешкото партнерство со Кина

Србија е посветена на зајакнување на сеопфатното стратешко партнерство со Кина и натамошно подобрување на економските и трговските односи, изјави министерот за трговија Томислав Момировиќ во Пекинг пред потпишувањето на Меморандумот за разбирање, со кој формално започнува работата на Договорот за слободна трговија меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Белград.

-Момировиќ, за време на неговата официјална посета на Кина, по средбата со заменик министерот за надворешни работи Денг Ли, информирал за резултатите што ги постигнале кинеските компании на српскиот пазар, придонесувајќи за вкупниот БДП на Србија, а пред се компаниите Зијин и Хбис, се вели во соопштението на Министерството за надворешна и надворешна трговија.

Момировиќ напоменал и дека кинеските градежни компании кои градат автопати и брзи пруги заедно со домашните градежни компании ја обновуваат Србија.

-Србија е извозно ориентирана кон кинескиот пазар, што дополнително ќе биде поттикнато со потпишувањето на Меморандумот за разбирање, со кој формално започнува работата на Договорот за слободна трговија меѓу нашите две земји, порача министерот Момировиќ и најави дека Меморандумот за разбирање ќе биде потпишан во среда, по средбите со министерот за трговија на Кина Ванг Вентао.