Момчето кое го изврши масакрот во „Рибникар“ доби статус на жртва: Ќе има и свој адвокат (фото)

Бранителот на Миљана и 
Владимир Кецмановиќ , родителите на момчето кое изврши масовно убиство во училиште, Ирина Боровиќ, изјави дека малолетникот од денеска има статус на жртва во судската постапка против неговите родители.

Статусот на оштетен добил затоа што неговите родители се товарат за кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице, на негова штета, кое дело им е пријавено во проширен обвинителен акт.

Боровиќ изјави дека Миљана и Владимир Кецмановиќ дале одбрана за тоа кривично дело.

Адвокатот Мирослав Живковиќ ги спореди Владимир Кецмановиќ и Радиша Блажиќ, таткото на Урош Блажиќ, кој изврши масовно убиство во селата Мало Орашје и Дубона, и изјави дека двајцата не покажале емпатија.

Како што пренесуваат белградските медиуми, Владимир Кецмановиќ негираше дека сторил кривично дело злоупотреба и запуштање на малолетно дете, за што тој и неговата сопруга беа обвинети од Вишото јавно обвинителство во Белград.

Тој одби да одговори на прашањата на обвинителите и адвокатите.

Следното судење е закажано за 9 декември.

Обвинителството го прошири обвинителниот акт со кој Владимир Кецмановиќ се товари за кривично дело тешко дело против општата сигурност, а мајката за кривично дело недозволено држење и носење оружје.

Миљана Кецмановиќ во судот пристигна од слобода, додека нејзиниот сопруг беше изведен надвор од притвор, каде што се наоѓа од апсењето на 3 мај минатата година.

Проширениот обвинителен акт уследи по распитот на малолетниот сторител на убиството на К.К.

Во овој случај им се суди на родителите на момчето Владимир и Миљана Кецмановиќ и на инструкторот на стрелиште Немања Маринковиќ кој е обвинет за кривично дело давање лажен исказ.