Момчето на Тејлор Свифт распнат на социјалните мрежи: „Изгледа како режисер на филмови за возрасни!“ Еве што се крие зад сето тоа (фото)

Познатиот американски фудбалер  
Тревис Келче се појави на улиците на Њу Орлеанс во прилично смел аутфит пред финалето на Супер Боул. Имено, тој 
облече необичен машки костум, инспириран од стилот на 70-тите, а неговиот моден избор стана тема на социјалните мрежи.

Како што можете да видите, предимензиониран портокалов костум, кошула во иста нијанса со интересни златни детали ги натераа корисниците на X да станат хумористични. Додека некои пишуваа дека момчето 
на Тејлор Свифт изгледа 
како продавач на автомобили од 70-тите години, други го споредија со режисер на филмови за возрасни.

Во секој случај, неговиот необичен настап не му донесе среќа, бидејќи Шефовите загубија со 40:22.

Да потсетиме дека Тејлор Свифт и Тревис Келче се во врска од 2023 година, а нивниот заеднички изглед тогаш привлече големо внимание. Пред популарната пејачка, Келси се забавуваше и со Маја Банбери, Кајла Никол, Зури Хол и многу други убавици.