Момчето убиец доцна навечер кроел план за Рибникар: Не научил да пука само на стрелиште, татко му го тренирал и приватно
Родителите на момчето убиец од Рибникар се обвинети дека сториле кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
Вишото јавно обвинителство во Белград на 25 октомври соопшти дека до Вишиот суд во Белград доставило продолжување на обвинението против родителите на момчето, поради сомневање дека сториле кривично дело запуштање и малтретирање малолетно лице.
– Се очекуваше обвинението да се прошири бидејќи сите елементи потребни за тоа кривично дело веќе постоеја во претходна фаза. Но, по сведочењето на убиецот, јасно е дека детето било целосно запоставено во образованието и грижата, особено кога ќе се земат предвид активностите со кои се занимавал ноќе додека го планирал ова злосторство – ова беа зборовите на Анѓелко Аќимовиќ, татко на убиеното девојче, откако беше проширено обвинението против родителите на момчето убиец.
Анѓелко Аќимовиќ потоа истакна дека е добро што обвинението е проширено и што директно виновни за ова дело се родителите на момчето-убиец.
– Имаше основи за сомневање, но се чекаше прибирање на дополнителни докази. Неговото сведочење само ги потврди нашите сомнежи. Не научил да пука само во стрелиште, туку многу пред тоа. Татко му го тренираше приватно, а на стрелиштето дојде веќе облечен. Кога ќе се погледне сето тоа, игрите, нестабилноста и достапноста на оружје, се случува ваква страшна трагедија. Мислам дека обвинителството донесе правилна одлука – додава Аќимовиќ за белградските медиуми.
Судењето беше одложено бидејќи на мајката дури на 1 ноември во судница и’ беше врачено проширено обвинение, а до сега го избегнуваше.
Да потсетиме, момчето се наоѓа на психијатриска клиника од 3 мај, односно од апсењето. Во кривичната постапка против родителите на момчето исказ дал нивниот син.
Момчето-убиец, кој во моментот на ова дело сè уште немал 14 години и затоа не одговарал кривично, на 3 мај пукал во училиштето со два пиштоли на неговиот татко, кои ги зел на 1 мај.
Кобниот ден ги ставил во ранецот, отишол на училиште и на првиот час убил 10 луѓе и ранил уште пет деца и наставникот по историја.