Момчето убиец откри што правел пред масакрот 

На денешен ден пред три месеци се случи масовно убиство во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар.

Тоа е злосторство без преседан што ја потресе целата нација.

Тогаш 13-годишниот К.К ликвидирал десет лица во училишниот ходник и во канцеларијата за историја – девет ученици и еден чувар.

Една од последните информации е дека момчето убиец пред злосторството барало на интернет „дали во Србија има доживотна казна затвор“.

„Не знаев дека нема да одговорам, мислев дека ќе одговорам, затоа погледнав на Интернет да видам дали може да ме осудат на доживотен затвор. Сакав да знам што ме чека“, наводно им рекол тој на истражителите.

Неколку часа по страотното злосторство, момчето убиец е сместено во психијатриска установа, каде што 24 часа е под надзор на полицијата и вештаците.

Не може да излезе надвор, да разговара со други деца или да прима посетители.

ЕПА-ЕФЕ/АНДРЕЈ ЧУКИЌ

За разговор со него се задолжени неколку стручњаци, а тој секојдневно добива храна во својата соба.

Неговите лични работи ги носи еден од неговите роднини.

Уапсен е и неговиот татко Владимир Кечмановиќ кој е под истрага поради сомнение дека не го обезбедил соодветно оружјето кое момчето го зело и извршило масовно убиство.

Инаку, сега како сведок во истрагата против неговиот татко бил сослушан 14-годишниот К.К. Потоа, меѓу другото, изјавил дека лесно ја пробил шифрата на чантата во која татко му го чувал пиштолот, како и дека татко му го однел на стрелиште и се гордее со тоа што пука „без промашување“.