МОМЧЕТО УБИЕЦ СЕДУМ НОЌИ ПО РЕД ПРАВЕЛ СТРАШНИ РАБОТИ Вознемирени деца ги известиле родителите: Зошто не му помогнавте?!

Досега не ги знаевме овие информации за одделението VII/2.

Поминаа 20 дена од страшниот масакр што ја вознемири и Србија и целиот Балкан. На 3 мај, седмоодделенец од ОУ „Владислав Рибникар“ извршил невидено злосторство, кога со пиштолот на татко му ги убил другарите и училишниот чувар. Од почит кон невините жртви, нема да пишуваме за бројки, бидејќи не се работи за статистика – се работи за деца . 

Да потсетиме, на убиецот на момчето му беа потребни околу 120 секунди за да ги застрела сите тие луѓе, за тоа време да смени рамки со куршуми, да скокне од прозорецот и да повика полиција. И додека сите ја следиме ситуацијата од минута во минута, прашувајќи се – кој е мотивот на тринаесетгодишник да изврши масакр, новите информации не оставаат без здив.

На денот на масакрот како мотив беше наведено потенцијалното злоставување на момчето убиец од неговите пријатели, но тоа се покажа како лажно. 

Мајката на една од жртвите – поточно девојчето Ема Кобиљски, која храбро му се спротивстави на убиецот и на тој начин „купи“ време за останатите да се спасат – сведочи дека одделението го прифатило момчето. Во општиот хаос и страв таа застанала пред момчето убиец и рекла „Што правиш, престани“ и им дала време на другите деца да избегаат. И токму благодарение на неа седумте момчиња од списокот успеаја да побегнат и да се спасат од сигурна смрт. Ема ја немаше на „списокот на смртта“.

А токму пораката што нејзината мајка Нина Боровиќ Кобиљски им ја испратила на родителите на момчето убиец ги расплакала сите што ја читале, но оттаму успеавме да дознаеме нови детали за убиецот.

–  Добивме видеа како пеат покрај камин, играат на тематски вечери и одат на патувања… Знаете  и дека сите заедно играа карти и се смееја во своите соби до доцна во ноќта. Како не би знаеле, кога со благодарност му се јавивте на класниот раководител и му се заблагодаривте што вашиот син беше толку добро примен од неговите пријатели во новиот клас во кој избравте да го префрлите? Им беше убаво, но  во исто време им беше чудно зошто едно дете спие сите седум дена стуткано во фотелја, наместо во кревет, иако на располагање има цела двокреветна соба ?! Дали знаете дека на тоа дете му била потребна помош и од вас родители и од стручни лица? Трагедијата што ни се случи е толку страшна, болна и незамислива што секојдневно се мачиме да дишеме. Мислите кои ќе не прогонуваат до крајот на животот се:  Зошто не му помогнавте?! Зошто го трениравте на стрелиштето и развивате и негувавте такви страшни вештини за стрелање и убивање со него, додека ние ги носевме нашите деца на часови по уметност и спорт ?! 

Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека меѓу другото ја истражува одговорноста на стрелиштето каде В.К.(48) и неговиот 13-годишен син вежбале гаѓање. Исто така, ќе биде сослушана и мајката на момчето-убиец за да се утврди дали момчето било запоставено или малтретирано .