Момче падна во кома додека го прославуваше роденденот: Ненадејно му се слошило, со денови се бори за живот, семејството поминува низ кошмар (ВИДЕО)
На момчето ненадејно му се слошило и паднало во кома за време на неговата роденденска посета на Њујорк!
Семејство од Тексас поминува низ кошмар откако отишле во Њујорк да го прослават роденденот на 10-годишното дете кое е на интензивна нега веќе 7 дена откако ненадејно му се слошило.
Патувањето во Њујорк беше роденденски подарок за Рајкер Стипиќ кој сакаше да го посети Големото јаболко.
Дејвид Стипиќ, таткото на момчето, рекол дека на 10-тиот роденден на неговиот син, последно нешто што му паѓало на памет било дека момчето може да се разболи.
– Моето дете беше среќно и здраво и имаше само 10 години и претпоставував и дека така ќе остане – изјавил Стипиќ за Фокс.
Меѓутоа, на патот кон Светскиот трговски центар, здравјето на Рајкер станало полошо, а момчето им кажало на родителите дека ја доживува најтешката главоболка што некогаш ја имало.
Неколку моменти подоцна славеникот излегол од кола и легнал на клупа. Го однеле во болница каде лекарите го ставиле во медицински индуцирана кома.
Лекарите им кажале на родителите дека веруваат дека момчето можеби страдало од артериовенска малформација, што е абнормална врска помеѓу неговите артерии и вени што може да предизвика крварење во мозокот или ‘рбетниот мозок. Тие исто така изјавија дека доживеал аневризма во артериите и вените што довело до неговата измачувачка болка.
Хирурзите морале да направат дупка во черепот на момчето за да ја исцедат крвта и течноста и да го отстранат згрутчувањето. Лекарите сè уште треба да направат магнетна резонанца пред да му дадат официјална дијагноза.
Родителите се молат нивниот син да се разбуди од кома и да добие одговор на многу прашања за здравјето на нивниот син.
– Никогаш не очекувавме дека тоа ќе биде нашата реалност, но тоа е – рече Стипиќ.
Системот за поддршка на семејството, вклучително и нивната црква во Тексас, се собра околу семејството за време на нивниот кошмар. Главниот свештеник на нивната црква отвори сметка GoFundMe која собра повеќе од 78.000 долари во донации за само неколку дена.
– Немам зборови да им се заблагодарам на сите – рече Стипиќ.