Момче почина по неколку часа откако ја дозна дијагнозата! Сè започна со ужасни болки во грбот: Тоа беше ноќна мора
Странските медиуми ја пренесуваат трагичната приказна на 16-годишниот Кајл Лимпер од Пенсилванија во САД. Тинејџерот пред извесно време почнал да им се жали на родителите за болки во грбот. Во еден момент не можел сам да стане од кревет.
– Тоа беше кошмар. Секогаш кога влегувавме во собата, стануваше сè полошо и полошо“, изјави таткото на момчето, Кенет Лимпер, за Фокс 29.
На 12 април, тинејџерот бил примен во болница во Филаделфија. По направените тестови, лекарите дале запрепастувачка дијагноза. Излегува дека Кајл има напредна фаза на леукемија. 16-годишникот починал неколку часа откако дознал за неговата болест.
Медиумите кои ја пренесоа приказната за тинејџерот истакнуваат дека не така одамна неговата мајка се соочила со рак. Жената успешно ја победила болеста.