Момче ја силувало својата стара сосетка! Ужас кај Бачка Паланка: Побарал запалка, па влегол во куќата и ја нападнал

Жената излегла од куќата во дворот за да оди во полскиот тоалет, кога осомничениот дошол преку улицата и и’ побарал запалката. Таа се вратила во куќата да најде запалка и да му ја позајми, а тој тргнал по неа, влегол во куќата, ја нападнал и силувал, пренесува Телеграф.

Иако сè се случило на Велика Сабота, во пресрет на Велигден, оштетената веднаш не го пријавил случајот, туку сè му раскажала на соседот, по што решиле да повикаат полиција и да го пријават случајот. Полицијата веднаш реагирала и го лоцирала младиот човек, тој е приведен и задржан во полициската станица.

Таа не се посомневала бидејќи со младиот човек се познавала долго време, а наводно и од претходно се знаела со неговиот татко. Таа имала целосна доверба во него.