Момче (2) си играло во дворот и исчезнало, телото му било пронајдено во соседно село: Трагедија во Словачка на Велигден
Полицијата во Словачка покрена истрага за смртта на двегодишното момче кое исчезна вчера, на Велигден, во родното село, а неговото тело беше пронајдено во соседното село.
Малото момче си играло во дворот од куќата во Словенски Кљачани кога во доцните попладневни часови ненадејно исчезнало. Веднаш е започната потрага по детето, а некои мештани велат дека го забележале детето покрај реката.
Во потрагата се вклучиле и пожарникари, кучиња трагачи и речиси сите мештани, но не успеале да го најдат детето.
За жал, безживотното тело на момчето било пронајдено во поток во соседното село Вијеска. Тие веднаш го извлекле момчето од водата и се обиделе да го реанимираат, но безуспешно. Kaj детето е констатирана смрт веднаш по пристигнувањето во болница.
Полицијата ги проверува сите детали за оваа трагедија.