МОНИКА БЕЛУЧИ ИМА НОВ ДЕЧКО И СИТЕ СЕ ШОКИРАНИ: Актерката е фатена рака под рака со НАЈГОЛЕМИОТ ЧУДАК на Холивуд (ФОТО)

Моника Беличи наводно има ново момче, а тој е познат режисер од Холивуд.

Една од најубавите жени во светот Моника Белучи има нова љубов. Според последните натписи во светските магазини, италијанската актерка и еден од најпознатите режисери во Холивуд, Тим Бартон се во љубовна врска.

Мораме да кажеме дека ова е навистина интересна спојка, како од приказна, но онаа за убавицата и ѕверот.

Бертон, 64 и Белучи 58 веќе не сакаат да ја кријат својата афера, па така парот беше забележан како си разменува нежности на улица.

Моника и Бартон прв пат се сретнале на Канскиот фестивал во 2006 година, но љубовта се разгорила 16 години подоцна.

Според она што го пишува во весниците, двете холивудски икони ја започнале романсата уште во октомври минатата година, кога повторно се виделе на фестивалот Lumiere во Лион.

Моника му врачила награда на режисерот, а хемијата меѓу нив била повеќе од очигледна.

Бартон претходно беше во врска 13 години со актерката Хелена Бонам Картер, а заедно имаат син и ќерка

Италијанската убавица, пак беше мажена за францускиот актер Винсент Касел од 1999 до 2013 година и родители се на две ќерки.