Италијанската актерка Моника Белучи повторно го привлече вниманието појавувајќи се на настан на брендот Картие во Дубаи.
За овој престижен настан Моника избра црн фустан од најновата колекција на Баленсијага, кој е совршен спој на софистицирана елеганција и заводлива сензуалност. Фустан од тантела што ја следеше линијата на нејзиното тело, а одоздола се гледа нејзината долна облека, создавајќи заводлив, но софистициран изглед.
Целокупниот изглед го комплетираше со едноставна шминка и пуштена коса, дополнително истакнувајќи ја нејзината природна убавина и шарм.

За да го заокружи својот совршен стајлинг, Моника избра ѓердан од Картие, кој го комплетираше нејзиниот изглед. Моника Белучи овој пат не само што шармираше со својот изглед, туку реши да направи храбар чекор и да ја смени бојата на косата.
Таа со години беше позната по темната коса, но овој пат реши да го освежи изгледот и да се одлучи за топла нијанса на лешник.
Ианче на настанот беше придружувана од нејзиниот партнер Тим Бартон, а парот спремно им позираше на насобраните фотографи. За потсетување, славниот пар веста дека се во врска со месеци ја чуваше во тајност, но Моника ја потврди нивната љубов во јуни 2023 година.