Монструмот денес наполни 14 години, еве што значи тоа! Пресметал сè пред злосторствот: Прочитајте зошто брзал да го изврши масакрот! (фото)

Момчето убиец (13), кое на 3 мај изврши грозоморен масакр во основното училиште „Владислав Рибникар“, денеска наполни 14 години и станува кривично одговорен, но не и за делото што го направи само три месеци претходно.

Во изјавата што ја дал веднаш по масакрот, момчето детално го објаснил својот план и како пресметал дека нема да одговара кривично.

Имено, полицијата на момчето му го одзеде телефонот, но и компјутерите, а целиот материјал е испратен на вештачење.

– Со денови на Гугл го истражувал Кривичниот законик, односно која е старосната граница за одење во затвор. Затоа, како што се претпоставува, свесно го избрал овој момент за нападот, бидејќи сфатил дека децата до 14 години не одат во затвор и не се кривично одговорни. Практично побрза да направи кривично дело до 14. роденден за да не биде кривично гонет.

Да потсетиме, кобниот ден момчето уби деветмина свои врсници и училишниот чувар, а рани уште петмина. Го зел оружјето од сефот на татко му и го носел во ранец за прво да ги убие чуварот, дежурните ученички од петто одделение, а потоа уште шест деца.

Тој за време на сведочењето во постапката против неговиот татко преку видео врска откри дека татко му го нарекол психопат!

– Во текот на сведочењето момчето убиец одговараше на прашања за семејните односи. Во еден момент рече „татко ми ми кажа дека сум психопат“, како и „отидовме на стрелиште за да ја поправиме врската и да работиме на тоа“ – вели изворот од истрагата, додавајќи дека останало нејасно што му претходело на фактот дека таткото го нарекува својот син психопат.

Инаку, интересно е и тоа што момчето на полицајците кои брзо пристигнале на местото на настанот во ОУ „Владислав Рибникар“ и го прашале зошто го направил тоа, им рекол „Јас сум психопат“.

– Момчето на сослушувањето изјавило дека сите на стрелиштето, вклучително и неговиот татко и персоналот, го пофалиле дека е „прецизен и добар стрелец“, а од одговорот се откри и дека „најверојатно не би решил да пука да не го фалеле толку“ – потсетува изворот.

Бизарно

Она што особено загрижува е што на социјалните мрежи се појави група која бесрамно го велича момчето убиец, а во која корисниците ги одбројуваа деновите до неговиот роденден.

– Десет дена до мојот роденден, девет дена до мојот роденден, седум дена до мојот роденден… Среќен роденден однапред – се објави во бизарна група, а коментарите се редат под секоја од нив.