Монструмот од Градечец погребан во строга тајност: Босанските медиуми тврдат дека тој е погребан на ова место

Телото на Нермин Сулејмановиќ со денови никој не сакаше да го згрижи, а тој бил тајно погребан во близина на Градечец.

Нермин Сулејмановиќ, кој во својот крвав пир на 11 август ја уби сопругата Низамз Хеќимовиќ и двајца турски државјани, тајно беше погребан кај Грачаница. Убиецот е погребан во четвртокот во најголема тајност кај Грачаница, место кое е оддалечено триесетина километри од Градечец.

Оваа информација која се појави на локалните портали доцна во четвртокот, засега не е официјално потврдена.

Поради страшното злосторство, беше прогласена тридневна жалост и жртвите беа погребани, но никој не сакаше да го земе телото на убиецот и да го закопа, па беше погребано во тајност. Поради злосторството, нарушена е довербата на јавноста во работата на судот и полицијата, а покрената е истрага за да се утврди кој му открил на Нермин каде се крие неговата сопруга.

Меѓу осомничените била и полицајка која била во врска со убиецот, но во тој момент била на одмор во Италија, како и други полицајци кои се дружеле со него, како и некои судии.