МОНСТРУМ – По 20 години среќен брак, оваа жена случајно ја открила мрачната тајна на нејзиниот сопруг: “Дури сега сфаќам зошто го криел телефонот!“

Пред 20 години, 70-годишна жена од Кардиф, Англија живеела среќен и хармоничен брак пред да сфати дека нејзиниот сопруг, три години постариот Теренс Донован, е педофил, поради што го пријавила во полиција.

Сè се случило, како што пишува британскиот весник The Daily Mirror, сосема случајно. Жената наречена како Ен, бидејќи сакала да го заштити својот идентитет, пронашла ЦД за кое верувала дека содржи музика. Тие тогаш заедно биле во кампер во Тенби, Велс. Жената решила да го стави ЦД во компјутер. Најпрво се појави информација за софтверска грешка, но кога ја отворила папката „фотографии“ се исплашила.

Жената видела фотографии од малолетничка која ја фотографирал педовоајер додека се туширала.

Жената немала сомнеж, па веднаш решила да го пријави нејзиниот сопруг во полиција. Настанот се случил во 2018 година, но Ен дури сега собрала сила да го раскаже своето искуство, откако Донован бил осуден на затвор затоа што признал дека поседувал повеќе од илјада фотографии на деца и малолетници во сексуални односи и експлицитни пози.

Иако живееле среќно две децении, Ен во едно интервју се присетила дека сето тоа време имала чудно чувство дека нешто не е во ред со нејзиниот сопруг.

Знам дека ќе звучи необично, но во тој брак се чувствував како да сум во тунел. Изгледаше како да замислувам некои работи, но ако вие мислите дека треба да дејствувате – дејствувајте“, кажала таа во интервјуто за споменатиот весник.

Двојката се запознала со својот сопруг во раните 20-ти години додека работеле заедно во маркет во Кардиф. Иако и двајцата биле сингл, бидејќи Ен се разделила од својот претходен партнер, на почетокот немало никаква хемија помеѓу нив, додека еднаш случајно не се сретнале надвор од работното време и решиле да испијат неколку пијачки заедно.

Тоа беше прв пат по долго време некој да ме повика да излеземе на состанок. Тој беше вистински џентлмен, шармер, многу пријатен соговорник. Тој беше популарен во заедницата, а кога почнавме да живееме заедно, тој сè уште се однесуваше како вистински господин, секогаш ми помагаше во домашните работи, перење алишта, пеглање, чистење и готвење. Една пријателка ми кажа дека изгледа премногу совршено за да биде вистински“, раскажала таа.

По неколку месеци човекот ја запросил жената. Тој ѝ рекол, се сеќава таа, дека биле на возраст кога и на двајцата им требало друштво.

Се согласив. Во тоа време работев напорни смени како медицински персонал и сакав да имам кај кого да се вратам од работа“, вели таа во интервјуто.

Така, во 1999 година тие се венчале, а човекот, кој го поминал својот живот како градежен работник, во раните 50-ти години одлучил да се пензионира, да ја продаде куќата и да се пресели кај Ен.

Ми кажа дека сака да ми го посвети остатокот од животот само на мене. Ми велеше да му кажам во колку часот ќе се вратам од работа, за да знае кога да направи топол ручек за двајцата“, вели Ен.

Но, таа сепак признава дека бракот не бил толку совршен бидејќи човекот сакал да го контролира нејзиниот живеот. Тој избрал облека за неа, па дури имал и полномошно да ја погледне нејзината банкарска сметка, додека таа никогаш немала никакви права врз нивните финансии.

Осум години подоцна, работите станале потешки. Ен тврди дека, и покрај нејзиното противење, нејзиниот сопруг со нејзините пари купувал четири камперски комбиња, при што планот бил тие да живеат во едно во Тенби и да заработат пари со изнајмување на другите три.

Реков дека не сакам, но тој сепак го направи тоа. Не сум видела ниту едно евро од изнајмување на тие кампери“, кажала таа за весникот.

На жената почнало да ѝ недостига Кардиф и редовно одела таму и се враќала во Велс за да го посети својот сопруг. Тогаш таа почнала да го забележува неговото чудно однесување. Мобилниот телефон секогаш го носел со себе, дури и кога одел во тоалет.

Кога еднаш го прашав зошто го прави тоа, кажа дека мора бидејќи може да се јави некој заинтересиран да изнајми кампер. Всушност, дури денеска сфатив дека тој едноставно не сакал да видам што има на телефонот“, рекла таа.

Таа раскажала и како сопругот често не спиел навечер. Една вечер ја мачела и несоницата, па станала и мислела дека тој гледа телевизија, но тој бил на својот лаптоп, кој веднаш го исклучил штом сфатил дека таа влегла во собата. Таа на шега го прашала „дали те фатив со прстите во џем“, но тој не одговорил, а таа повеќе не размислувала за тоа.

Таа вели дека кога ги открила педофилските видео-снимки на дисковите, била во таков шок што немала сила ниту да му се спротивстави, туку повикала полиција, која го пребарала камперот. Тој бил уапсен, и оттогаш двајцата никогаш не разговарале, иако таа го сретнала еднаш случајно кога бил на затворско отсуство.

Бев толку преплашена што се свртев и истрчав“, рекла таа.