Отворен е Рокот за аплицирање за студентска стипендија за сите корисници кои ова право го исполнле во некоја од претходните академски години, информира Министерството за образование и наука (МОН).
За продолжување на правото на стипендија, сите корисници треба да прикачат потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање; уверение со положени испити; уверение за предвидени и положени испити (УППИ образец) со успех од претходните години и индекс од прв запишан семестар до последен заверен семестар, како доказ дека има положено 80% односно 90% (зависно од типот на стипендија кој го користи) од предвидените испити, односно дека го одржал просечниот успех на студирањето, согласно договорот.
Сите документи треба да се прикачат на порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk
За било каква информација или прашање обратете се на електронската адреса [email protected]