Министерството за образование и наука објави јавен повик на својата веб-страница за акредитирани здруженија на наставници кои организираат натпревари за средношколци, со цел покривање на трошоците за регистрација и патување, односно за учество на една од 15-те меѓународни олимпијади по природни науки.
Како што објаснува Министерството за образование, акредитирано здружение може да добие финансиски средства само за учество на една меѓународна научна олимпијада. Електронски формулар за аплицирање на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk, и најдоцна до 31 октомври 2025 година.
Во зависност од правилата на организаторите на секоја поединечна меѓународна научна олимпијада, ќе се финансира учеството на максимум шест ученици и двајца ментори.
„За Здруженијата на наставници кои испраќаат средношколци на една од 15-тите Меѓународни олимпијади по природни науки, како и за семејствата на учениците, грижите за учеството од финансиска перспектива завршуваат. Наместо самостојно да се финансираат или да бараат спонзори, отсега трошоците за учество на овие престижни меѓународни натпревари ќе ги покрива државата. Ова е една од придобивките од промените во Законот за средно образование што беа одобрени минатиот месец. Грижата за младите се зголемува“, цитира Министерството.