Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го искористи хаосот во Франција за да му докаже на Брисел дека треба уште еднаш да размисли за предложената миграциска реформа на ЕУ, која во моментов е блокирана од Унгарија и Полска.
Моравјецки сподели видео кое ги спротивставува сцените од насилните протести во Франција со идилични сцени од мирните градови во неговата земја.
Моравјецки го објави видеото на својата страница на Твитер во петокот како поддршка на планот поддржан од Полска наречен „Европа на безбедни граници“. На видеото се гледаат француски улици и автомобили зафатени од пламен, а демонстрантите ги кршат излозите на продавниците. Сликите се во контраст со мирните и уредни полски градови кои преполни со живот.
„Нашиот план е Европа со сигурни граници – безбедност и јавен ред – тоа се вредностите од кои започнува сè друго! Не сакаме такви сцени на полските улици. стои во натписот на видеото.