„МОРА ДА ГО НАТЕРАМЕ ПУТИН ДА СЕ ПЛАШИ ОД НЕГО…“ Трамп шокираше со својата изјава, што ќе каже рускиот лидер за ОВА?

Во интервју за „Скај њуз“ во претседателската палата во Киев, Зеленски истакна дека клучот за запирање на конфликтот е воспоставување дефинирани безбедносни гаранции за Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го повика американскиот претседател Доналд Трамп да заземе „јасен став“ за прекин на војната во Украина, нагласувајќи ја потребата од силни лични чекори за да „се натера (рускиот претседател Владимир) Путин да се плаши од него“.

Во интервју за „Скај њуз“ во претседателската палата во Киев, Зеленски истакна дека клучот за запирање на конфликтот е воспоставување дефинирани безбедносни гаранции за Украина. Тој нагласи дека ова може да се постигне само ако Трамп е „храбар“ и преземе конкретни акции, вклучително и пакет санкции против Русија и обезбедување безбедносни гаранции за Украина.

– Пред да ја завршиме војната, сакам сите договори да бидат во сила. Ни треба документ поддржан од САД и сите европски партнери. Ова е многу важно – рече Зеленски и додаде дека „јасната позиција на претседателот Трамп“ е од клучно значење.

Зеленски, исто така, го повика Трамп да преземе „силни чекори“ за да го запре Путин, нагласувајќи дека САД имаат доволно ресурси за тоа, вклучувајќи системи за воздушна одбрана и санкции што би можеле да ја ослабнат руската економија.

– Верувам дека САД се доволно силни за да донесуваат свои одлуки. Верувам дека Доналд Трамп може да ни обезбеди системи за воздушна одбрана во количина, а САД имаат доволно од нив. Исто така сум сигурен дека САД можат да применат доволно санкции за да ѝ наштетат на руската економија. Европа веќе воведе 18 пакети санкции против Русија. И сега недостасува само силен пакет санкции од САД – рече Зеленски.

Коментарите на украинскиот претседател уследија по претходните изјави на Трамп во кои тој ги повика сојузниците во НАТО да престанат да купуваат руска нафта и да воведат царини за Кина со цел да извршат притисок врз Москва.