Моркови – превентива против многу болести

Морковите се одличен извор на бетакаротен, растителни влакна, витамин К, калиум и антиоксиданти. Крцкав, вкусен и високонутритивен. Морковот главно се состои од вода и јаглехидрати. Нуди голем број здравствени придобивки, го подобрува офталмолошкото здравје, а каротенските антиоксиданти се поврзуваат со намалување на ризикот за добивање рак.

Бета каротенот е всушност портокаловата боја на морковот. Апсорпцијата во организмот е подобра доколку морковот се консумира зготвен. Има низок гликемиски индекс, па е погоден и за дијабетичарите.

Морковите можат да го подобрат варењето и имунитетот. Покрај тоа, тие се одлични за циркулација и воопшто за здравјето на срцето.

Морковите се едно од најдобрите природни решенија против анемија.

Само секојдневната употреба на овој зеленчук ги елиминира проблемите со крвта и го минимизира ризикот од други болести.

Најпознатиот бенефит од морковите е високата содржина на витаминот А, кој е сојузник за видот.