Морничава порака на монструмот од Тузла! Едното дете го убил во кревет со секира, па залепиле хартија на вратата: Еве кого обвинува за монструозниот чин (фото)
Мујага Чичкошиќ, кој пред неколку дена ги уби сопругата и двете деца во населбата Ступине во Тузла, а потоа се фрли од зградата, оставил грозоморна белешка на вратата од станот во кој го извршил злосторството.
Чичкошиќ злосторството го извршил со секира, а работите да бидат пошокантни – таткото монструм, кој детално го испланирал убиството, ја купил секирата на пазар, а двегодишното дете го убил во својот кревет!
Потоа го убил и другото деветгодишно дете во аголот на станот. Мајкат Амела се обидела да спречи сè, но не успеала .
Полицијата го пронашла продавачот кој му ја продал секирата на Мујага, но тој не можел ни да замисли зошто му е потребна. Секирата ја купил на пазарот во Тузла.
Обвинителството и официјално потврди дека во станот била пронајдена секира која била испратена на вештачење. Ваков масакр одамна не е забележан на овие простори.
Морничава порака
Покрај тоа, убиецот оставил белешка на вратата од станот. Во една од пораките, напишана со молив, меѓу другото пишува:
Да ви е**м семејството, cè е заради ваша вина!
Засега не се знае на кого се однесува пораката. Наводно, тоа било испратено до роднини од Германија кои му помогнале да најде работа во оваа земја. Во една од пораките тој наводно им „заблагодарил“ на поединци за помошта.