На социјалните мрежи повторно се шири видео од 2021 година поради грозоморната сцена снимена од патник на брод за крстарење кога спушти камера во морето.
Грчки фотограф објави видео на Јутјуб во кое ја покажа сцената што ја затекнал кога од крузерот спуштил GouPro камера во морето. Камерата снимила риби како пливаат на морското дно, но работите станале поинтересни кога тој повторно ја уфрлил камерата навечер.
Имено, неколку ајкули излегоа од морничавата темнина, а глетката преплаши многумина.
„Поради првиот дел од видеото, мислев дека океанот не е толку морничав, но вториот дел ме убеди“, „Иако го гледам ова дома, сè уште ми снемува воздух“, „Ова е надреално, морничаво и интересно во исто време“, се дел од коментарите под видеото кое собра 6,8 милиони прегледи.