МОРНИЧАВА ТРАГЕДИЈА – Дете (13 г.) починало по предизвик на социјалната мрежа Тик Ток, компанијата објави: “Никогаш не сме виделе вакво нешто, ова е навистина страшно…“

Младото момче, Џејкоб Стивенс (13 г.) од Колумбус, Охајо, САД, е последната жртва што почина од бизарниот предизвик „Benadryl“ (Бенадрил – апче) на социјалната мрежа Тик Ток

Неговите пријатели го снимиле како тој зема алармантен голем број апчиња за алергија – дури 14 од нив – по што момчето имало напади, паднало во кома и завршило на распиратор за дишење, а шест дена подоцна починало.

Социјалната мрежа Тик Ток тврди дека ги блокирале сите пребарувања за предизвикот „Benadryl“, пишува Daily Mail.

Изразуваме длабоко сочувство до семејството. Никогаш не сме виделе вакви трендови на содржини на нашата платформа и со години ги блокиравме пребарувањата за да го обесхрабриме однесувањето кое предизвикува опасно однесување. Покрај тоа, Тик Ток има тим од 40.000 безбедносни експерти кои активно работат на отстранување на која било проблематична содржина“, изјавил во четвртокот портпаролот на популарната кинеска социјална мрежа.

Џејкоб Стивенс

Контроверзниот предизвик „Benadryl“ ги охрабрува учесниците да земаат десетина или повеќе апчиња шест пати повеќе од препорачаната доза – за да предизвикаат халуцинации. Откако смртоносниот предизвик стана многу популарен на социјалната мрежа, реагираа многу експерти за да се стави крај на овој тренд.

Ако ме прашувате мене, тој предизвик е вистинска смртна замка. Најновата трагедија го докажува тоа. Ова е предупредување до сите родители, внимавајте на вашите деца. Земањето премногу дози Бенадрил или други антихистаминици може да предизвика срцеви проблеми, напади, па дури и смрт. Земете лекови само како што е пропишано. Родители, погрижете се да ги заклучувате лековите, особено лековите што се издаваат без рецепт, и бидете сигурни дека тие не се лесно достапни за децата“, предупредил д-р. Џен Кодл од Филаделфија.

Шест дена по фаталниот предизвик, семејството морало да го исклучи несреќниот Џејкоб Стивенс од апаратот за одржување во живот бидејќи мозокот на момчето трајно ги изгубило сите витални функции.

Беше премногу за неговото тело… Ни рекоа дека може така да лежи, но никогаш нема да ги отвори очите, никогаш да не дише, да се насмее, да оди или да зборува… Тоа беше најлошиот ден во мојот живот, сознанието дека моето дете умира… Џејкоб беше грижливо и прекрасно момче, можеше да им го разубави денот на сите“, рекол неутешниот татко Џастин Стивенс, а потоа им се обратил на другите родители со зборовите:

Следете што прават вашите деца на тие телефони. Разговарајте со нив за сè. Сакам сите да знаат за Џејкоб… Моето семејство сега има нова мисија во животот – да се погрижам никогаш повеќе да не се повтори слична трагедија“, пренесува Daily Mail.

Семејството Стивенс веднаш повика да се постават старосни ограничувања за лековите без рецепт како Бенадрил. Тие, исто така, сакаат социјалната мрежа Тик Ток да наметне старосна граница за креирање профил, принудувајќи ги корисниците да обезбедат идентификација пред да им биде дозволен пристап до платформата.

Фармацевската компанија „Jonson & Jonson“, која го произведува Бенадрил, исто така коментираше за случајот.

Овој крајно загрижувачки и опасен тренд треба веднаш да престане. Големи количини Бенадрил може да предизвикаат напади, особено срцеви проблеми“, предупредил Скот Шефер, директор на Информативниот центар за отрови и лекови во Оклахома.

Џејков Стивенс не е првиот што починал од предизвик на социјалната мрежа Тик Ток. Во 2020 година, Клои Мари Филипс (15 г.) од Оклахома исто така го загубил животот по предозирање со лекот Бенадрил.