Морничави детали за смртта на директорот и неговото семејство: Децата прво беа извлечени живи, се појави уште една можна причина за трагедијата во Њујорк (ФОТО/ВИДЕО)

Хеликоптер за туристичко разгледување на градот Њујорк падна во реката во четвртокот во 15:15 часот по локално време, а во американските медиуми постојано се појавуваат нови информации за страшната трагедија.

490230150_1190459612452317_771950778742213306_n copy.jpg

Покрај засега неидентификуваниот пилот (36), загинаа и директорот на познатата компанија Сименс од Шпанија Агустин Ескобар, неговата сопруга Мерс Кампруби Монтал и нивните три малолетни деца.

Пилотот преку радио јавил базата за да предупреди дека им снема гориво непосредно пред катастрофата.

Сепак, на социјалните мрежи се појави видео кое фрла ново светло на трагедијата. Имено, на видеото се гледа како пропелерот на роторот паѓа во водата, што ги навело воздухопловните експерти да помислат дека до падот дошло затоа што сечилата на главниот ротор се одвоиле од леталото и ја отсекле опашката.

– Од видеото се чини дека главниот ротор удрил во телото на хеликоптерот и ја отсекол опашката, што довело до непоправлив настан – изјави поранешниот воен авијатичар и адвокат Џим Бракли.

– Двете главни причини се механички дефект или прекумерно маневрирање. Сепак, потребна е целосна истрага за да се разбере зошто се случи оваа трагедија.

Две деца се извлечени живи од реката Хадсон каде се урнал авионот. За жал, по пристигнувањето во болницата, лекарите можеле само да констатираат смрт.