Морничави приказни излегуваат од селото каде беше пронајдена Вања: Ја најдовме во страшна состојба!?

Девојчето Вања Ѓорчевска (14), чие тело беше пронајдено закопано во атар на македонското село Бразда, било пронајдено со врзани раце и нозе.

Како што потврдија на прес-конференција министерот за полиција Оливер Спасовски и македонскиот обвинител Гаврил Бубевски, девојчето било киднапирано пред зградата на 27 ноември околу 7:30 часот наутро и убиено само неколку часа подоцна, околу 10 во утрото.

– Ја грабнаа во зградата. И’ ги врзале рацете и нозете и ја ставиле во вреќа за спиење па ја ставиле во гепек во автомобилот „Цитроен“. Пред нив цело време возело возило „рено канго“. Детето било изнесено надвор од Скопје, каде девојчето било убиено, а возилото било запалено –  изјави министерот Спасовски.

Местото каде е пронајдено телото на девојчето сè уште го обезбедуваат силни полициски сили, а увид вршат форензичари.

Недалеку од местото каде што се остатоците од опожареното возило се наоѓа викендицата на родителите на главниот осомничен за нејзиното убиство, Љупчo Палевски, познат како Палчо.

Да потсетиме, Вања Ѓорчевска исчезна на 27 ноември, а нејзиното тело беше пронајдено во неделата вечерта. За нејзиното убиство се осомничени пет лица, меѓу кои и нејзиниот татко и главниот осомничен Палевски, за кој Обвинителството и Министерството за внатрешни работи на Македонија тврдат дека побегнал во Бугарија преку Србија.