Морничаво видео меѓу облаците: Авионот се тресе, патниците врескаат од страв: „Заборавете ги безбедносните појаси, легнете на подот“
Патниците на авионот на Аерофлот, кој полета од градот Петропавловск-Камчатски до Москва, долго ќе го паметат 25 ноември 2023 година.
Боинг 777-300 летал во силни турбуленции над северните планини Урал, а меѓу луѓето настанала паника.
Очевидци велат дека авионот нагло почнал да се тресе. Во средината на хаосот, една жена која се враќала од тоалетот на своето седиште паднала на подот и си ја повредила главата.
На социјалните мрежи кружат снимки од авионот на кои се гледа тресењето на Боинг 777-300 и паничната реакција на луѓето.
На патниците прво им било наложено да ги врзат појасите, а потоа да легнат на подот, јавува БНН.
Жената по име Љубов за руските медиуми изјавила дека паниката предизвикана од турбуленциите брзо се проширила низ кабината.
По слетувањето во Москва, на повредениот патник лекарите му укажале помош.