МОРНИЧАВ ОБИД ЗА УБИСТВО НА РАКОМЕТАР ВО БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА! ЖЕНА ГО ПРОБОДЕЛА ВО ВРАТОТ НА БЕНЗИНСКА ПУМПА, УСПЕАЛ ДА ИЗБЕГНЕ СМРТ
Само по чиста среќа на младиот ракометар му биле констатирани само полесни повреди.
Ракометарот на БиХ Никола Томиќ, инаку член на Дрина од Зворник, се опоравува во болница откако преживеа обид за атентат. Ноќта од саботата кон неделата околу три часот по полноќ на бензинска пумпа го нападнала И.Л и со остар предмет го прободела во пределот на вратот.
Мотивот за нападот, кој за среќа не заврши со трагедија, се уште не е официјално потврден. За среќа кај младиот ракометар биле констатирани само полесни повреди, додека напаѓачот брзо бил уапсен и осуден на едномесечен притвор за обид за убиство.
„За наша среќа, ако може да се нарече среќа, Никола веднаш по нападот беше лекуван во болница. Ова беше напад на млад и перспективен спортист кој сака да игра и да се докаже, а можеше да биде секој од нас во неговиот место. Најискрено се надеваме дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се повтори. Му посакуваме на нашиот Никола брзо закрепнување и се гледаме на теренот што е можно поскоро“, се вели меѓу другото во соопштението на клубот.