Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните воени сили вчера извршиле прецизен напад врз зграда во која биле сместени странски платеници во Харков, кои војувале во редовите на украинската војска.
Руското Министерство тврди дека борците главно биле француски платеници, дека повеќе од 60 луѓе биле убиени и дека зградата е уништена.
Локалните власти во Харков објавија дека вчера две руски ракети погодиле станбена зона во центарот на градот, при што биле повредени 17 лица, од кои двајца сериозно, и дека во нападот се оштетени станови.