“МОСКВА, ИМАМЕ ПРОБЛЕМ!“ – НАСА изгубила контакт со Меѓународната вселенска станица, па морала да бара итна помош од Русија

Поради губење на електрична енергија во зградата на НАСА во Хјустон, во вторникот накратко била прекината комуникациската врска со Меѓународната вселенска станица (МВС), поради што вселенската агенција за прв пат морала да се потпре на резервните контролни системи, пишува весникот The Guardian.

Прекинот на струја значело дека мисијата ја изгубила контролата, телеметријата и гласовната комуникација со станицата во орбитата. Прекинот на струјата се случил токму во моментот кога биле во тек градежни работи на зградата на вселенскиот центар „Џонсон“ во Хјустон.

Екипажот на вселенската станица бил информиран за проблемите преку рускиот комуникациски систем, околу 20 минути по прекинот на струјата.

слика
Џоел Монталбано

Првиот човек на програмата на вселенската станица, Џоел Монталбано, вели дека ниту астронаутите ниту самата станица не биле во опасност во ниту еден момент и дека резервните системи овозможуваат нормална комуникација во рок од 90 минути.

Немаше никакви проблеми на вселенската станица. Тешкотијата беше само кај нас на Земјата. Екипажот или станицата во ниту еден момент не беа во опасност“, изјавил Џоел Монталбано.

Знаевме дека овие работи се во тек, и затоа подготвивме резервни системи за команда и контрола што можеме да ги користиме во случај на некои лоши временски услови, особено за време на сезоната на урагани“, објаснил тој.

Ова е прв пат НАСА да мора да ги активира овие резервни системи“, додал Џоел Монталбано. Тој, исто така, рекол дека се надева оти агенцијата наскоро ќе ги реши сите проблеми и ќе се врати во нормална работа до крајот на денот.

НАСА одржува контролен центар на подготвеност на неколку километри од Хјустон во случај да се случи некаков вид катастрофа што ќе бара евакуација. Но, за време на прекинот на струја во вторникот, тој резервен центар не требало да се активира бидејќи светлата во главниот центар сè уште работеле.

Ќе анализираме детално што се случило, ќе научиме нешто од тоа и ќе продолжиме понатаму“, нагласил Џоел Монталбано.

Тензиите меѓу Русија и САД на Земјата не ги спречуваат нивните вселенски агенции да соработуваат, иако Москва соопшти дека ќе се повлече од програмата на Меѓународната вселенска станица до 2014 година и наместо тоа ќе изгради сопствена вселенска станица.

Во февруари, Русија лансираше спасувачки брод до Меѓународната вселенска станица за да донесе дома тројца членови на екипажот заглавени откако нивната оригинална капсула беше погодена од метеор.

Минатата година, космонаутите пристигнаа на станицата во жолти авионски одела со сини детали, боите кои одговараат на украинското знаме, набргу по почетокот на руската инвазија. Пораката, ако била наменета, не била сосема јасна. Неколку месеци подоцна, руската вселенска агенција објави фотографии на кои се гледаат космонаути на МВС како ги држат знамињата на самопрогласените републики во Луганск и Доњецк.