СВЕТОТ ЕДВАЈ ЧЕКА НОВ ТЕНИСКИ СПЕКТАКЛ: По Србинот, Хрватот доаѓа до Новак „на линија“ – Ноле никогаш не играл против него!

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ го продолжи патот до 24. Грен слем трофеј, а по голема борба и пресврти успеа да го совлада својот сонародник Ласло Џер со 3:2 во сетови.

Натпреварот траеше речиси четири часа , а Новак уште еднаш покажа дека има челична психа и апсолутно никој не може да му парира во тој параметар.

 Српското дерби се одигра пред повеќе од 20.000 гледачи на најголемиот тениски стадион во светот „Артур Еш“.

Следен ривал на Новак е хрватскиот тенисер Борна Гојо , кој со пласманот во полуфиналето на Грен слем турнирот го постигна најголемиот успех во својата досегашна кариера.

Борна Гоџо

Гоџо моментално ја зазема 105. позиција на АТП листата, а во последното коло беше подобар од Јиржи Весели против кого победи со 3:0 во сетови.

Никогаш не играл против Новак, нема освоено ниту една АТП титула, а до овој момент не бил ниту во трето коло на Грен слем.