Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека Москва и Вашингтон се договориле за чекорите за отстранување на пречките за финансирање на нивните амбасади.
Коментирајќи го исходот од вчерашните разговори во Истанбул, во соопштението на министерството се вели дека „дискусиите биле водени на смислен и деловен начин“.
Руската делегација беше предводена од Александар Дарчиев, директор на Северноатлантскиот оддел, додека американската делегација беше предводена од Соната Култер, заменик помошник државен секретар за надзор на политиката кон Русија и Централна Европа.
“Двете страни се согласија за заеднички чекори за да се обезбеди непречено финансирање на нивните дипломатски мисии на реципрочна основа и да се создадат соодветни услови за дипломатите да ги извршуваат своите службени должности”, се вели во соопштението на министерството.
Министерството, исто така соопшти дека Русија го покренала прашањето за нејзиниот дипломатски имот во САД, поточно шест недвижнини кои биле „незаконски запленети“ помеѓу 2016 и 2018 година.
“Дополнително, Русија предложи САД да размислат за обновување на директните летови и ја истакна потребата од опипливи резултати кои ќе помогнат да се подобрат билатералните односи во интерес на двете нации”, се вели во соопштениео на министерството.