Руската војска денеска објави дека освоила две села во источна Украина, продолжувајќи да зазема територии малку по малку соочени со побројните украински сили.
Руските медиуми објави дека руските сили го зазеле и градот Краснохоривка западно од градот Доњецк.
Како што соопшти руското Министерство за одбрана, во дневниот извештај, единиците на Западната група ги ослободија местата Розовка (Андријивка на украински) во источниот регион Луганск и Пешаноје Нижне во областа Харков. Местата се оддалечени околу 15 километри едно од друго.
Украинската армија од минатата есен се соочува со руски напади долж линијата на фронтот што се протега на речиси 1.000 километри.
На исток, руските сили зазедоа неколку мали градови во последните неколку недели, а во регионот на Доњецк тие сега напредуваат кон градовите Њујорк и Торек.