“МОЈАТА СОПРУГА ИМА КОЕФИЦИЕНТ НА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА 140!“ – Канје Вест и честиташе роденден на сопругата и ја издигна до небо

Канје Вест преку социјалните мрежи и го честиташе 29-от роденден на својата нова сопруга Бјанка Ценсори.

Среќен роденден на најубавата, најблескавата, икона, талентиран уметник, магистер на архитектурата која има коефициент на интелигенција 140 и кој стоеше покрај мене дури и кога половина свет ми сврте грб…“ напиша раперот во објава на социјалната мрежа Инстаграм во сабота.

Канје Вест, Бјанка Ценсори, Бјанка Ценсори
Канје Вест и Бјанка Ценсори

Канје Вест – кој има четири деца со поранешната сопруга Ким Кардашијан – исто така ја нарече поранешната вработена во Yeezy – „најневеројатната маќеа на нашите деца“. 

… Те сакам многу, ти благодарам што го сподели животот со мене“, заклучи тој.

Се венчаа, да потсетиме, минатиот декември, откако тој се разведе од Ким Кардашијан.