“МОЈОТ ДРУГАР БЕШЕ СО НЕА ЗА ПАРИ!“ – Кристијан Голубовиќ насилно се нафрли кон бремена ријалити-ѕвезда и ја обвини дека се занимава со најстариот занает на планетата: “Од Македонија до Швајцарија, сите…“
Поранешниот криминалец и ријалити-ѕвезда, Кристијан Голубовиќ, упати сериозни обвинувања кон бремената Александра Николиќ, која ја обвини дека се занимава со најстариот занает на планетата.
Според соседните медиуми, Кристијан Голубовиќ не бирал зборови кога ги упатувал обвинувањата кон порашената победничка на ријалити-шоуто „Задруга“.
Наводно, тој тврди дека има докази за овие обвинувања и дека не се плаши да оди на суд.
„Од Македонија до Швајцарија преку сплавови во Белград и ‘Задруга‘. Со проституција почнала да се занимава на многу млада возраст и тоа е голема штета. Таа е социјален случај. Но, сетете се кога ја нападнав и реков што по ѓаволите се глупираш: ‘Деки, те сакам најмногу на свет, никој не може да не раздели. Ништо не може да ни се случи’. Се сеќавате ли на тие моменти, сите го заборавија тоа“, раскажува Кристијан Голубовиќ за една српска емисија.
„Таа е проститутка. Затоа што другар ми спиеше со неа и и даваше пари за таа интимна врска и ми кажа на пример ако ме тужи за тоа да го повикам да дојде на суд и ќе направиме полиграф. Тоа значи разврат, пијанство, скандали“, заклучува Кристијан Голубовиќ.