Моќен чај против хроничен замор! Природен еликсир од 4 билки кој ја враќа енергијата

Луѓето во современиот свет се под стрес и хронично уморни, но еден чај може да ви помогне да го подобрите вашето здравје.

Хроничниот замор  и стресот се сè почести проблеми во современиот, зафатен свет кои го нарушуваат здравјето. Природните билни чаеви можат да бидат дел од решението , а добрата работа е што тие можат да се користат подолг временски период, во зависност од вашите потреби.

Чај против хроничен замор

Состојки:

  • 6 лажички цикорија (корен)
  • 6 лажички пелин
  • 5 лажички рузмарин
  • 6 лажички кантарион

Подготовка:

1,5 лажици од смесата прелијте ги со 600 мл врела вода и оставете да отстои покриено преку ноќ. Наутро процедете и пијте во еднакви дози помеѓу оброците, во голтки.

Како функционираат овие растенија?

Секоја билка од овој рецепт има своја посебна улога во борбата против замор и слабост.

Кантарионот е познат по неговите благотворни ефекти врз варењето, што ја поттикнува апсорпцијата на хранливите материи и го зајакнува телото. Коренот на цикоријата го стимулира црниот дроб и помага во детоксикација на телото, додека пелинот освежува и делува како природен тоник за целото тело. Рузмарин , симбол на енергија и виталност, ја подобрува циркулацијата и го зголемува нивото на концентрација. 

Заедно со пиењето чај, воведете здрави животни навики за значително да го намалите чувството на хроничен замор и да ја вратите силата за секојдневните предизвици.