Ако имате проблем со дамки на пеглата, сода бикарбона ќе ви го реши.
Иако многумина ја сметаат содата бикарбона за „моќна“ универзална алатка која може да се користи во речиси секој сегмент од животот, секогаш сме изненадени кога ќе слушнеме за некоја нова нејзина примена.
Инфлуенсерката Мадам Свет, која споделува најразлични совети на својот Инстаграм, овој пат објави видео со дури три необични употреби на сода бикарбона:
1. Сода бикарбона е природен абразив и може да се користи за чистење на темни дамки на пеглата.
2. Сода бикарбона ги освежува и омекнува ткаенините, бидејќи може да го регулира нивото на pH.
3. Сода бикарбона помага да се отстранат мирисите со разбивање на честичките оставени од детергентот или тврдата вода.