Моќни зборови на Ѓоковиќ! Новак призна дека бесен заминал во САД: „Морав да дојдам и…”

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ заврши на насловната страница на американскиот магазин „Спортс илустрејтед“ пред неговото враќање во Индијан Велс, по цели пет години.

Познати се причините зошто Ѓоковиќ мораше да го прескокне „петтиот Грен слем“ на кој триумфираше пет пати, а сите се надеваме дека неговиот камбек турнир ќе помине исто како и ланскиот УС Опен, на кој исто така настапи по многу „сопки”.

Сега, во интервју за еден американски магазин, Ѓоковиќ изјави дека дошол во САД малку лут, но не поради сè што се случувало околу неговото влегување во земјата – туку затоа што го загубил финалето на Вимблдон против Калос Алкараз. Според неговите мисли тоа e неприфатливо.

„Тоа ме налути толку многу што морав да дојдам и да ги победам сите на американско тло, што и го направив“, рече Ѓоковиќ, додека новинарот истакна дека го употребил изразот „што го направив“, што го разликува од Федерер и Надал кои секогаш „зборувале во шифри“ и не смееле да бидат целосно искрени.

„Сега чувствувам повеќе љубов кога е во прашање публиката, чувствувам дека повеќе ме ценат и почитуваат, а можеби тоа е затоа што Федерер и Надал ги нема“.