Планираниот собир на рускиот и кинескиот лидер, Владимир Путин и Си Џинпинг, во Пекинг, со евентуално присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, би можел да стане нова важна фаза од мировниот процес во врска со Украина, изјави германскиот политиколог Александар Рар на Телеграм.
„Следниот одлучувачки момент за судбината на Украина би можел да биде самитот во Пекинг на 3 септември 2025 година, на денот на одбележувањето на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна. Европа нема да биде присутна на тој состанок, но не се исклучени заеднички дипломатски иницијативи на трите сили – Кина, Русија и САД“ , се наведува во публикацијата, пренесува РИА Новости.
Експертот, исто така, истакна дека одбивањето на Володимир Зеленски, кој ужива поддршка од Европа, да се откаже од изгубените територии го продолжува конфликтот.
На 3 септември, Кина ќе одржи воена парада на плоштадот Тјенанмен во Пекинг по повод 80-годишнината од победата во Втората светска војна.
Уште во јуни, помошникот на Путин, Јуриј Ушаков, им изјави на новинарите дека рускиот претседател планира да ја посети Кина од 31 август до 3 септември. За време на посетата, Путин ќе учествува на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), на прославите по повод победата над милитаристичката Јапонија и крајот на Втората светска војна, како и на сеопфатни билатерални разговори со кинескиот претседател.
Американскиот претседател Доналд Трамп , од друга страна, изјави дека ја прифатил поканата на Си Џинпинг да ја посети Кина и ветил дека ќе ја оствари таа посета „во одреден момент“.