МТСП: 3200 вработени на УКИМ ќе добијат поголеми плати

Денеска конечно заврши на одисејата која ја имаа 3200 вработени на универзитетот Св. Кирил и Методиј. На владина седница помина одлуката со која сите вработени на УКИМ согласно колективниот договор добиваат поголеми плати.

Одлуката беше заглавена во министерството за труд и социјална политика и доаѓањето на техничкиот министер Ѓоко Велковски започна легалистичкиот процес за решавање на проблемот.  На ова претходеше средба со ректорот на УКИМ,  Биљана Ангелова и нејзиниот тим, и со претставници на синдикатот, при што се најде решение за признавање на поединечниот колективен договор на УКИМ, а со тоа и зголемување на нивните плати. 

Изминатава беа повикани и ресорните министерства, за образование и наука и Министерството за финансии да изнајдат брзо решение за признавање на колективниот договор.

Зошто до сега не било најдено решение во министерството од претходниците за овој проблем останува енигма.