Музејот на Фолксваген со специјална изложба прославува 50 години „Голф“

За да одбележи половина век од претставувањето на најпродаваниот автомобил, Фолксваген отвори нова изложба посветена на ФВ Голф во својата фабрика и седиште во германскиот град Волфсбург.

На околу еден час возење со воз од Берлин, Автомузејот на Фолксваген е посветен на иконскиот хечбек со фокус на првата генерација од 1974 до 1983 година.

Изложбата може да се погледне до крајот на февруари 2025 година.

Наследникот на легендарната „Буба“ излезе од производната лента во Волфсбург на 29 март 1974 година.

Во споредба со „бубата“, новиот модел можеби изгледаше како нешто од друга планета.

Дизајнот на Џорџо Џуџаро беше моментален успех, а според производителот, милионитиот Голф излезе од производната лента во октомври 1976 година.

Од Фолксваген велат дека вкупно 6,9 милиони автомобили биле произведени во првата генерација.

Педесет години од неговото лансирање, автомобилот останува златен рудник на ФВ во осмата генерација, иако компанијата се подготвува да ги отфрли моторите со внатрешно согорување.

Музејот на автомобили на Фолксваген, кој се наоѓа во близина на фабриката на производителот на истокот од градот, исто така има постојан поставка на повеќе од 130 автомобили на ФВ.

Музејот е отворен од вторник до недела од 10 до 17 часот.

Цената на билетот е помеѓу 6 и 9 евра.