Португалскиот фудбалски стратег Жозе Мурињо (60) побара од клупското раководство во летниот преоден рок да донесе тројца нови играчи, како дел од преговорите околу негово останување на клупата на италијанскиот прволигаш.
Италијанските медиуми наведуваат дека челниците на клубот сакаат да го задржат Мурињо, кој има договор со Рома до 2024 година, меѓутоа Португалецот бара гаранции околу засилувања на екипата.
Мурињо, пред сè, сака да го засили тимот со напаѓач, кој би го заменил Тами Абрахам, за кого британските медиуми наведуваат дека постои можност да се врати во Премиер лигата.
Португалскиот тренер бара и играч за врска, како и голман.