Муцунски и грчката амбасадорка разговараа за зајакнување на доброседските односи и безбедноста

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со грчката амбасадорка, Софија Филипиду.

Двајцата изразија заедничка подготвеност за натамошно унапредување на билатералната и мултилатералната соработка.

Како непосредни соседи и НАТО сојузници, тие ја потврдија важноста од зајакнување на добрососедските односи и обезбедување на регионална стабилност, безбедност и просперитет, преку целосна ЕУ интеграција на регионот.

Посебен акцент беше ставен на соработката во областа на одбраната, инфраструктурното поврзување, енергетиката, културата, туризмот и, пред сè, економијата. Притоа беше истакнато дека Грција останува еден од најголемите трговски партнери на нашата земја.